• сабота, 23 ноември 2024

Судскиот процес за масакрот кај Младеновац започнува денеска во Белград

Судскиот процес за масакрот кај Младеновац започнува денеска во Белград

Белград, 21 август 2024 (МИА) - Во Специјалниот суд во Белград денеска започнува судскиот процес против Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона убил девет и ранил 12 лица.

Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој исто така е обвинет, денеска по првпат ќе ја изнесат својата одбрана. За утре и задутре е планирано сослушување на оштетените, јавуваат српските медиуми. На подготвителното рочиште, кое беше затворено за јавноста, првообвинетиот делумно призна дека го извршил масакрот, додека неговиот татко негираше вина за оружјето кое беше пронајдено во неговиот дом.

Претседателката на Врховниот суд во август донесе одлука судењето да се одржи во најголемата судница во Специјалниот суд во Белград. Судницата е поделена на три дела со решетки и дебело стакло. Новинарите ќе можат да го следат судењето од медиа-центарот преку видео пренос, целосно одвоени од судницата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан