• вторник, 24 декември 2024

Судијата Јадранка Дабовиќ-Анастасовска учествуваше на регионална конференција за човекови права и животна средина во Југоисточна Европа

Судијата Јадранка Дабовиќ-Анастасовска учествуваше на регионална конференција за човекови права и животна средина во Југоисточна Европа

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Судијата проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, заедно со претставници од неколку македонски институции и организации учествуваше на регионална конференција за човекови права и животна средина во Југоисточна Европа, што се одржа на 17 и 18 октомври во Будва, Црна Гора. 

Како што соопшти Уставниот суд, во фокусот на регионална конференција биле предизвиците, актуелните прашања и трендови за здрава животна средина, биле разменети мислења за механизмите и пристапите на остварување на правата поврзани со ова прашање. Се обработувале теми од пристапот до еколошка правда, суштински човекови права (фокусирајќи се, меѓу другото, на урбаниот развој, заштитени подрачја, загадување, рударство и тешка индустрија, хидроенергија.

Посебен осврт, како што е наведено во соопштението, бил ставен на највисоките механизми со кои располагаат државите за заштита на овие човекови права како и пристапот до информации со кои располагаат институциите, со прашања поврзани со оваа област. 

- На Конференцијата, судијата Дабовиќ-Анастасовска со своја дискусија даде придонес говорејќи за постоењето на еколошката тужба во вид на „actio popularis" во законите за облигациони односи во повеќе земји од регионот и тоа Република Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението од Уставниот суд. 

Дабовиќ-Анастасовска ги запознала присутните со начелниот став на Врховниот суд за заштита на животната средина.

Судијата Дабовиќ-Анастасовска дискутирала за уреденоста на заштитата на животната средина во нашиот Устав и се вклучила во дискусијата за актуелните прашања за заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права и уставните судови на земјите од Југоисточна Европа и поврзаноста на заштитата на другите права со правото на човекот на здрава животна средина

На конференцијата учествувале претставници од Европскиот суд за човекови права, Советот на Европа, Врховниот суд на Албанија, професори, адвокати и експерти од европскиот регион. дма/бак/

Фото: Уставен суд

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан