Судири меѓу демонстранти и полиција пред ерменската влада во Ереван
- Во ерменскиот главен град Ереван вечерва избувнаа судири меѓу полицијата која го обезбедува седиштето на ерменската влада и демонстрантите против премиерот Никол Пашињан.

Ереван, 19 септември 2023 (МИА) – Во ерменскиот главен град Ереван вечерва избувнаа судири меѓу полицијата која го обезбедува седиштето на ерменската влада и демонстрантите против премиерот Никол Пашињан.
Полицискиот кордон, кој бил гаѓан со шишиња, се спротивставил на толпата демонстранти кои се обиделе да упаднат во зградата. Полицијата употребила и шок бомби.
Демонстрантите претходно побараа оставка од премиерот Пашињан, критикувајќи го дека не успеал да го заштити Нагорно-Карабах. јт/
Фото: ЕПА