Судар на два авиона на главниот аеродром во Дубаи
- Два патнички авиона утрово се судрија на пистата на Меѓународниот аеродром во Дубаи, во инцидентот нема повредени луѓе
Дубаи, 22 јули 2021 (МИА) - Два патнички авиона утрово се судрија на пистата на Меѓународниот аеродром во Дубаи, во инцидентот нема повредени луѓе.
Се судрија авион на нискобуџетната компанија ФлајДубаи (FlyDubai) и на компанијата Галф ер (Gulf Air) со седиште во Бахреин.
Компанијата ФлајДубаи соопшти дека еден од нејзините авиони Боинг 737-800, што требало да полета за Киргистан имал „мал инциент“ и бил принуден да се врати на почетната позиција, а патниците полетале шест ччаса подоцна. Во судирот оштетен е врвот на едно од крилата на авионот.
Додека компанијата Галф ер соопшти дека нејзиниот авион е оштетен во задниот дел.
Упраата на Меѓународниот аеродром во Дубаи, најпрометниот аеродром пред пандемијата со Ковид-19, соопшти дека поради судирот биле принудени да затворат една од своите две писти на два часа. ми/