• сабота, 23 ноември 2024

Судан: Тешки борби се водат во делови на Картум пред истекот на договорот за прекин на огнот

Судан: Тешки борби се водат во делови на Картум пред истекот на договорот за прекин на огнот

Дубаи, 29 мај 2023 (МИА) - Пред истекот на договорот за прекин на огнот, кој донесе краток одмор во борбите на спротивставените фракции во Судан, денеска се водат тешки борби во делови на Картум, главниот град на Судан.

Јужно и западно од Омдурман, една од трите соседни урбани области што ја сочинуваат поголемата градска област Картум, борбите повторно започнаа во неделата и продолжија денеска.

На јужниот брег на Нил, жителите на Картум доцна синоќа исто така пријавија вооружени судири. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан