• четврток, 07 ноември 2024

Суданските лекари штрајкуваат поради платите и лошите услови за работа

Суданските лекари штрајкуваат поради платите и лошите услови за работа

Картум, 9 август 2023 (МИА) - Суданските лекари штрајкуваат поради платите и лошите услови за работа додека продолжуваат борбите меѓу армијата и ривалските сили за брза поддршка (РСФ), јави Би-Би-Си.

Лекарите велат дека штрајкуваат поради недостиг на соодветен медицински транспорт за пациентите, малиот број медицински персонал, доцнење на платите повеќе од 10 месеци, како и ужасните услови за работа во земјата зафатена од војна.

Медицинските работници во покраината Северен Кордофан веќе петти ден штрајкуваат барајќи исплата на паричен надомест.

Штрајкот во болницата Ел-Обајед ги опфати сите центри за итни случаи и траума, додека центрите за дијализа, гинеколошките и акушерските установи сè уште делумно функционираат.

Во исто време, борбите продолжуваат во главниот град на Судан, Картум, како и во соседните градови Омдурман и Бахра, и покрај меѓународното посредување. паг/

Фото: ЕПА
 
 

 

Остани поврзан