• вторник, 11 февруари 2025

Суданската армија ја врати контролата врз стратешки град од бунтовниците

Суданската армија ја врати контролата врз стратешки град од бунтовниците

Картум, 11 јануари 2025 (МИА) – Суданската армија и нејзините сојузници го презедоа стратешкиот град Вад Медани од бунтовничките Сили за брза поддршка (РСФ), соопштија денеска официјални лица.

Тоа е голем удар за озлогласената паравоена група која САД ја обвинија дека извршила геноцид во граѓанската војна во Судан, пренесува Бета.

Градот беше заземен од бунтовниците пред околу една година.

Вад Медани претходно беше безбедно засолниште за раселените семејства во првите месеци од војната.

Конфликтот во Судан почна во април 2023 година кога тензиите меѓу воените лидери и РСФ ескалираа во отворени борби во главниот град Картум и други градови низ земјата.

Во граѓанската војна загинаа повеќе од 28.000 луѓе, милиони се раселени и го зголеми нивото на глад. јт/

Фото: Х

Остани поврзан