• понеделник, 30 декември 2024

Суга сака да го реши спорот со Русија околу Курилските острови

Суга сака да го реши спорот со Русија околу Курилските острови
Токио, 29 септември 2020 (МИА) – Новиот премиер на Јапонија Јошихиде Суга денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин при што истакна дека сака да го реши територијалниот спор што постои меѓу двете земји околу Курилските острови. Суга после разговорот изјави дека му рекол на Путин дека не сака да го остави проблемот на идните генерации и оти затоа има намера да го реши. Тој додаде дека во разговорот истакнал и оти сака целосно да ги развие јапонско-руските односи, како и дека со Путин се договориле наскоро да се состанат за да разговараат за овие прашања. Според јапонската новинска агенција Кјодо, тоа бил прв телефонски разговор на Суга со Путин откако ја презеде функцијата премиер на Јапонија кон средината на овој месец. Според соопштението од прес-службата на Кремљ, Путин и Суга разговарале и за перспективите за соработка во здравството, вклучително и развој на вакцини против Ковид-19. јт/

Остани поврзан