• вторник, 26 ноември 2024

Суга: Едногласна поддршка од лидерите на Г7 за Олимпијадата во Токио 

Суга: Едногласна поддршка од лидерите на Г7 за Олимпијадата во Токио 
Токио, 19 февруари 2021 (МИА) – Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави вечерва дека лидерите на седумте индустриски најразвиени земји во светот (Г7) го поддржале неговиот план Олимписките игри во Токио да се одржат на лето. -Им реков на колегите дека сакаме да организираме безбедни игри како сведоштво дека човештвото ја добило битката со коронавирусот. Добив поддршка од сите лидери, што може да не охрабри, им изјави Суга на новинарите по виртуелниот состанок со лидерите на Г7. Јапонија завчера како последна членка на Г7 започна кампања за вакцинирање на населението, иако јавноста и компаниите во земјата и натаму се противат на одржување на Олимпијадата, што лани беше презакажана за ова лето поради пандемијата на коронавирус. Резултатите од едно неодамнешно испитување на јавното мислење покажаа дека повеќе од половината Јапонци и јапонски компании сметаат дека Олимписките игри во Токио би требало повторно да се одложат или да бидат откажани.ег/сд/

Остани поврзан