• понеделник, 23 декември 2024

Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк

Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк

Скопје, 11 август 2023 (МИА) - „Студентски отпор“ не се согласува со новиот начин на исплата на субвенционираниот студентски оброк.

Оттаму во објава на „Фејсбук“ посочуваат дека 140 денари дневно е мала сума за квалитетен оброк и дека голем дел од угостителските објекти во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички. 

- На еден месец пред почетокот на академската година, се уште не е утврдено на кој начин, на кои места и во кое време ќе може да се користат средствата? Како што и претходно баравме, така и овој пат, сметаме дека согласно инфлацијата 140 денари дневно е мала сума за еден квалитетен оброк. Според предвиденото оброкот ќе може да го користиме само со картичка, а голем дел од угостителските објекти кои се наоѓаат во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички, се наведува во објавата.

Велат дека не се согласуваат со тоа средствата да не можат да се искористат следниот ден ако не се искористени истиот ден кога се префрлени.

Исплатата на студентскиот оброк за оваа студентска година ќе се врши преку специјална кобрендирана картичка, која „Шпаркасе Банка“ ќе ја издава во соработка со Министерството за образование и наука. Средствата во износ од 140 денари, студентите ќе може да ги користат кај правни лица што произведуваат, подготвуваат или продаваат храна и прехранбени производи. бак/

Фото: Фејсбук на Студентски отпор
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан