• петок, 21 март 2025

Студено утро, преку денот претежно сончево

Студено утро, преку денот претежно сончево

Скопје, 21 март 2025 (МИА) - Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степена.

Во Скопје сончево време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Како што информираат од УХМР, во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. дма/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан