• понеделник, 02 септември 2024

Студено утро во поголем дел од државата, најстудено во Берово

Студено утро во поголем дел од државата, најстудено во Берово
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Температури под нулата утрово во 7:30 часот се измерени во Берово (-8),  -6 во Скопје-Петровец, Битола, Попова Шапка, Маврови Анови, -5 во Крива Паланка, Претор, Демир Капија и Струмица, -4 во Тетово, Прилеп и Куманово, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Kрушево и Охрид, -2 во Виница и Гевгелија, а 0 степени во Дојран. Највисока снежна покривка до 7 часот од 16 сантиметри има на Попова Шапка и 2 см во Маврови Анови. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност, а во текот на денот ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 15 степени. вг/

Остани поврзан