Струшки водовод со редовни теренски контроли ја намалува злоупотребата на водата за пиење
- Педесеттина семејства се затекнати и опоменати за злоупотреба на водата од градскиот водовод во Струга и околината по направените теренски контроли на работните групи на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, во соработка со месните заедници, општинси инспектори и полициски службеици, информира за МИА директорот на претпријатието Дашмир Насуфи.
Струга, 21 јули 2025 (МИА) - Педесеттина семејства се затекнати и опоменати за злоупотреба на водата од градскиот водовод во Струга и околината по направените теренски контроли на работните групи на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, во соработка со месните заедници, општинси инспектори и полициски службеици, информира за МИА директорот на претпријатието Дашмир Насуфи.
Според него, свесноста кај месното население е на повисоко ниво за разлика од минатата година, кога при такви контроли истиот период биле затекнати двојно повеќе, односно имало над 100 опомени за злоупотреба на вода.
- Постојаните контроли и обновата на пумпите и водоводната мрежа даваат резултати. Иако градот е полн, печалбарите се вратени, притисокот на вода е на повисоко ниво за разлика од претходните години. Два тима на претпријатието се постојано на терен за санирање дефекти доколку се појават, истакна Насуфи.
Забележа и дека издашноста на изворите е подобра од лани и не очекува поголеми проблеми во водоснабдувањето во градот. Доколку има потреба најави рестрикции.
Упати апел до граѓаните за поголема совесност и рационално користење на водата за пиење, бидеќи, како што рече, доаѓаат пожешки денови.
-Акцијата за теренски контроли ќе продолжи и писмено ќе бидат предупредени корисниците за кои ќе се утврди дека злоупотребуваат вода за пиење. Во случај на повторување на делото согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води ќе бидат казнети до 3.000 евра и исклучување од водоводна мрежа, истакна Насуфи. сс/дма/
Фото:МИА архива