• петок, 05 декември 2025

Струшкиот градоначалник ќе прима странки во својот кабинет секој работен ден

Струшкиот градоначалник ќе прима странки во својот кабинет секој работен ден

Струга, 13 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Струга Менди Ќура ќе прима странки во својот кабинет секој работен ден од 14 до 16 часот и 30 минути, соопшти општинската прес-служба.

Таквата одлука, како што наведуваат, е со во рамките на неговите заложби за транспарентност и отворена соработка со граѓаните.

- Одлуката е дел од неговата визија за локална самоуправа блиска до граѓаните, каде што гласот на стружани и транспарентноста на институциите се главни столбови на овој мандат, посочува општинската прес-служба.

Оттаму наведуваат дека само преку директен дијалог може да ја изградат Струга што сите ја посакуваат. сс/вј/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан