• петок, 05 декември 2025

Струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село за снимката со врзаното дете

Струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село за снимката со врзаното дете

Струмица, 10 јули 2025 (МИА) - За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од ОЈО Струмица нареди отворање истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело-Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство, а за осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште-престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето.

Инаку, на социјалните мрежи вчера беше објавено видео со врзаното дете и како таткото го малтретира. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан