• среда, 25 декември 2024

Струмичката полиција апелира до граѓаните да ги отстранат хаварисаните возила

Струмичката полиција апелира до граѓаните да ги отстранат хаварисаните возила
Струмица, 1 април 2022 (МИА) - СВР Струмица апелира до граѓаните да ги отстранат своите хаварисани возила што ги оставиле на улици, тротоари, паркинг простори и други јавни површини на подрачјето на Општината. Како што стои во информацијата од овој сектор на МВР, апелот следува по заклучокот од последната седница на Локалниот совет за превенција за решавање на проблемот со хаварисаните возила. Од полицијата најавуваат дека ќе преземат мерки за санкционирање на сопствениците според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а трошоците за присилно отстранување ќе ги сносат сопствениците. рт/цр

Остани поврзан