• сабота, 16 ноември 2024

Стружани повторно поразени на Меѓународниот ракометен турнир

Стружани повторно поразени на Меѓународниот ракометен турнир

Струга, 15 август 2024 (МИА) - Домаќинот Струга го доживеа вториот пораз на Меѓународниот ракометен турнир, откако вечерва изгуби од грчки ПАОК со убедливи 27:19 (12:12).

Иако беа аутсајдери, одлично го одиграа првото полувреме и заминаа со нерешен резултат на пауза. Одлично се држеа до 47-та минута кога грците со серија од 5:0 стигна до резултат 21 :16, а потоа зголемија на конечни 27 :19.

Најуспешен во тимот на Струга беше Никола Летиќ со шест погодоци, а во ПАОК, Григорис Јоану со исто толку голови.

Стружани ќе играат за 5. место в сабота, а ПАОК утре ќе ги одмери силите со Еурофарм Пелистер по што ќе се знае финалистот од Б групата.

На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ во тек е мечот меѓу Тиквеш и шведскиот Екскилстуна Гуиф. сс/бт/

Фото: Меѓународен ракометен турнир Струга

Остани поврзан