• сабота, 21 февруари 2026

Стружанец возел со 1,61 промил алкохол во крвта, возилото му е одземено

Стружанец возел со 1,61 промил алкохол во крвта, возилото му е одземено

Струга, 19 февруари 2026 (МИА) - Со 1,61 промил алкохол во крвта стружанец управувал возило, полицијата го исклучила од сообраќај, а возилото му било одзмемено, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера, во 22 часот, на магистралниот пат Струга - Вевчани, во близина на Струга, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т. К. (54) од Струга. 

- При вршење контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземените мерки, констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,61 промил алкохол во крвта - стои во соопштението.

По насоки на јавен обвинител, Т. К., како што е наведено, бил исклучен од сообраќај, одземено му е возилото и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - безобѕирно управување моторно возило. сс/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан