• среда, 27 ноември 2024

Строгите мерки во Ирска даваат резултати со бројот на новозаразени

Строгите мерки во Ирска даваат резултати со бројот на новозаразени
Даблин, 28 октомври 2020 (МИА) – Ирска денеска регистрира најмал број на новозаразени со коронавирусот во речиси три недели, откако земјата воведе едни од најстрогите епидемиолошки мерки. Ирска денеска регистрира 675 нови случаи на Ковид-19, што е најмал број од 9 октомври досега. Во исто време, седумдневниот просек падна од 1.176 пред седум дена на 866. Владата на премиерот Мајкл Мартин минатата среда го потврди враќањето на земјата на највисоко ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот и сите продавници, освен маркетите, беа затворени шест недели, додека рестораните служат храна само надвор, а на луѓето не им е дозволено да се движат повеќе од пет километри од твојот дом. Две недели претходно сите ресторани беа затворени, а беше ограничен и бројот на посети на домаќинства. јт/

Тагови

Остани поврзан