• среда, 27 ноември 2024

Странците од 1 јули ќе може да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања

Странците од 1 јули ќе може да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања
Загреб, 31 октомври 2022 (МИА) - Странците од 1 јули следната година ќе можат да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања. Досега тоа беше можно само доколку странците имаа фирма во земјата, пренесува хрватски Пословни дневник. - Досега странците можеа да купат земјиште само доколку отвораа фирма во Хрватска, а од 1 јули следната година ќе можат да купуваат без ограничувања, изјави експертот за недвижности Санин Растовац за телевизијата Ен-1. Тој додаде дека сè ќе биде полесно откако Хрватска од следната година ќе влезе во Шенген. Хрватска сè уште е најевтина во Европската Унија во однос на цената на земјиштето, со околу 3.400 евра по хектар обработливо земјиште. Додека, на пример, во Словенија цената е во просек 20.000 евра по хектар. Најскапа е Холандија со 70.000 евра, забележува Пословни дневник. бд/

Остани поврзан