• петок, 17 јануари 2025

Странските работници, претежно од Азија, задоволни од престојот во Хрватска

Странските работници, претежно од Азија, задоволни од престојот во Хрватска

17 јануари 2025

ХРТ/Хина

Прво истражување на Институтот за истражување на миграцијата, покажа дека поголемиот дел од странските работници од Азија се задоволни и претежно задоволни од животот и работата во Хрватска, дека 90 отсто од нив финансиски ги издржуваат своите семејства во земјите од каде што емигрирале и, меѓу другото, дека повеќето од нив речиси 33 отсто планираат да останат во Хрватска до 5 години, а само 19,5 отсто - трајно.

Институтот за истражување на миграцијата спроведе истражување во периодот од 23 ноември 2024 година до 12 јануари 2025 година, опфатено 400 странски работници со потекло од Азија и Африка, со цел да се добие увид во нивните мислења за животот и работата во Хрватска.

Најголем број анкетирани учесници доаѓаат од Филипините (38 проценти), Непал (26 проценти), Индија (20 проценти), Египет (6 проценти) и Бангладеш (5 проценти). Другите анкетирани учесници доаѓаат од Сирија, Ирак, Пакистан, Шри Ланка, Кина и Уганда.

„Ова е првична студија која ни ги даде првите сознанија и искуства во истражувањето на популацијата на странски работници од Азија и Африка. Во иднина, секако ќе спроведеме посеопфатни истражувања од овој тип што ќе придонесат за поквалитетни упатства за успешна интеграција на странски работници во хрватското општество“, нагласи директорката на Институтот, Марина Периќ Касељ.

Повеќето работат во угостителството и индустријата

Поголемиот дел од анкетираните странски работници работат во транспортот (22 проценти), угостителството (19 проценти), градежништвото (17 проценти) и индустријата (13 проценти).
Во однос на познавање на хрватскиот јазик, 53 отсто од странските работници изјавиле дека не зборуваат хрватски, но разбираат основни зборови, 21 отсто од нив рекле дека зборуваат хрватски на основно ниво, 18 отсто рекле дека воопшто не зборуваат хрватски, додека 8 отсто веруваат дека течно зборуваат хрватски, наведува Институтот.

Во однос на образованието, 50 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат завршено средно образование, 35 отсто дека имаат завршено додипломски студии, а 6 отсто дека имаат само основно образование.

Околу 36 отсто од испитаниците изјавиле дека припаѓаат на Римокатоличката црква, 3 отсто се изјасниле како Хиндуси, а околу 15 отсто како припадници на сунитскиот ислам. Останатите изјавиле припадност кон други религии  или изјавиле дека не се религиозни.

Речиси 90 проценти финансиски го издржуваат семејството

Повеќе од половина од испитаниците (51 процент) живеат во Хрватска помалку од една година. Околу 34 отсто престојувале во Хрватска меѓу 1 и 2 години, 5 отсто меѓу 3 и 5 години, додека 9,5 отсто рекле дека престојуваат во Хрватска подолго од 5 години, покажуваат резултатите од истражувањето.
Дури 78,5 отсто од странските работници во Хрватска работат со полно работно време. Исто така, речиси 90 отсто од странските работници рекле дека финансиски ги издржуваат своите семејства во земјите од кои имигрирале во Хрватска. Понатаму, 55 отсто од странските работници планираат да го преселат своето семејство во Хрватска, додека околу 28 отсто се неодлучни по ова прашање, 10 отсто од испитаниците рекле дека нема да го преселат своето семејство, а 5 отсто изјавиле дека немаат семејство.

Најголем број странски работници (32,8 отсто) имаат намера да останат во Хрватска до 5 години. Околу 23,5 отсто сакаат да останат од 6 до 10 години, 20,5 отсто планираат да останат до пензија, а 19,5 отсто рекле дека сакаат да останат во Хрватска до крајот на животот.

Најголем број се задоволни од животот во Хрватска

Во однос на задоволството од животот, 40 отсто од странските работници изјавиле дека се многу задоволни од својот живот (оценки од 8, 9 и 10 на скала од 0 до 10). Околу 26,5 проценти рекле дека воопшто не се задоволни од својот живот (оценки 0, 1 и 2). Дополнителни 27 отсто не се ниту задоволни ниту незадоволни од својот живот, додека 6 отсто не сакале да кажат, велат од Институтот.
Во однос на животниот стандард, 43,5 отсто од странските работници се изјасниле дека се многу задоволни, додека околу 24 отсто се изјасниле дека воопшто не се задоволни. Останатите изјавија дека не се ниту задоволни ниту незадоволни од нивниот сегашен животен стандард. Слично на тоа, 44 отсто од испитаниците рекле дека се многу задоволни од нивните животни достигнувања, додека 25 отсто се многу незадоволни.

Речиси половина (49,3 проценти) од испитаниците рекле дека се многу задоволни од нивното чувство на безбедност, додека 2 проценти се многу незадоволни. Речиси идентичен број странски работници (48,8 проценти) се изјасниле дека се многу задоволни од нивното чувство на сигурност во иднина. Од друга страна, околу 28% од странските работници рекле дека се многу незадоволни од нивното чувство на сигурност во иднина.

Во однос на промените во квалитетот на животот, 34,5 отсто од странските работници сметаат дека квалитетот на нивниот живот е значително подобрен по пристигнувањето во Хрватска, околу 46,25 отсто сметаат дека квалитетот на нивниот живот е малку подобрен, а 11 отсто сметаат дека е ист како порано, додека 8,25 отсто веруваат дека нивниот квалитет на живот се влошил, малку или значително.
Мнозинството, т.е. 87,5 отсто од странските работници веруваат дека имаат право на ист квалитет на живот како Хрватите, додека 12,5 отсто сметаат дека немаат право на ист квалитет на живот како Хрватите.

Кога станува збор за мигрантскиот живот Всушност, 22 отсто од странските работници веруваат дека нивниот мигрантски живот е блиску до идеалниот, но речиси исто толку, 20 отсто, сметаат дека нивнта аживотна печалба  не е ни блиску до идеалната.

Околу 33,5 отсто од странските работници во Хрватска се изјасниле дека условите за нивниот печалбарски живот се одлични, додека 23 отсто изјавиле дека условите за нивниот мигрантски живот се исклучително лоши. Според тоа, 38 отсто од странските работници се изјасниле дека се многу задоволни од својот мигрантски живот, додека 21 отсто се многу незадоволни, покажува истражувањето.

Повеќето луѓе своето здравје го оценуваат како одлично или многу добро

Околу 61 отсто од странските работници своето здравје го оценуваат како одлично или многу добро, додека 33 отсто го оценуваат своето здравје како добро. Само 5 отсто од странските работници го оценуваат своето здравје како многу лошо или лошо.

Понатаму, 62 отсто од странските работници го оценуваат своето ментално здравје како одлично или многу добро, околу 31 отсто го оценуваат како добро, додека околу 7 отсто се чувствуваат многу лошо или лошо психички. Околу 60 отсто од странските работници изјавиле дека доживеале некаква форма на болка, која се движела од многу блага до тешка, во последните 4 недели. Околу 40 отсто од странските работници немаат никакви болки во последните 4 недели.

„Резултатите од истражувањето покажуваат дека релативно поголем број странски работници од Азија се генерално задоволни од животот и работата во Хрватска. Јасно е дека има и значителен број странски работници кои изразуваат одредено незадоволство од нивната моментална положба ... но, генерално кажано, сегашната состојба може да биде оцената како - позитивна.  Новиот Закон за странци и други активности се преземени во последно време и секако тоа дополнително ќе ја зајакне позицијата на странските работници во Хрватска, а со текот на времето веројатно ќе привлечеме поголем број на висококвалификувани работници“, изјави раководителот на истражувањето, Иван Балабаниќ.

Тој додава дека Министерството за демографија и имиграција нагласило дека освен што ќе работи на зголемување на наталитетот, намалување на емиграцијата и враќање на хрватската дијаспора, активно ќе работи и на интегрирање на странски работници во хрватското општество.

„Верувам дека резултатите од нашето истражување укажуваат дека ситуацијата не е критична, како што често се прикажува во јавноста, и дека навремено започнавме активности како што се измените на Законот за странци, што ќе овозможат стабилно прифаќање и интеграција на странските работници. Тие неминовно во следните години и понатаму ќе доаѓаат на нашиот пазар на труд“, рече Балабаниќ.

Остани поврзан