Сто и осумдесет државјани на Северна Македонија вечерва слетуваат од Бон
- Авион со 180 државјани на Република Северна Македонија се очекува да слетаат вечерва по полноќ од Бон.

Скопје, 30 март 2020 (МИА) - Авион со 180 државјани на Република Северна Македонија се очекува да слетаат вечерва по полноќ од Бон.
Ова го објави Владата на Северна Македонија на својот Фејсбук профил.
-Осум автобуси се подготвени, со темелна дезинфекција, со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација, се наведува во објавата. ац/
