• сабота, 23 ноември 2024

Стојоски постави нов македонски рекорд на 400 метри во сала

Стојоски постави нов македонски рекорд на 400 метри во сала
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) - Македонскиот атлетичар Јован Стојоски постави нов државен рекорд на 400 метри во сала, што изминатите три и пол децении беше во сопственост на легендарниот Исмаил Мачев. Во својот настап на Меѓународниот митинг одржан изминатиот викенд во Будимпешта, олимпиецот Стојоски го освои првото место во трката на 400 метри со време на нов националниот рекорд на Македонија од 47,18 секунди, објави денеска Атлетската федерација. Постигнатото време, кое на Стојоски му донесе 1.096 рејтинг бодови, е за половина секунда подобро од досегашниот рекорд на Мачев (47,49 секунди), поставен пред 35 години, исто така, во Будимпешта. ег/сп/

Остани поврзан