• вторник, 17 декември 2024

Стојкоски: Обезбедивме ранчиња за 430 првачиња од општина Ѓорче Петров

Стојкоски: Обезбедивме ранчиња за 430 првачиња од општина Ѓорче Петров
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Општина Ѓорче Петров обезбеди ранчиња за секое прваче.
- Сите 430 првачиња од основните училишта од општина Ѓорче Петров заслужуваат квалитетно образование, добри услови за работа и квалитетна иднина за која ќе се залагаме заеднички. На почетокот на новата учебна година, учениците ќе ги пречекаат хортикултурно средени дворови во сите училишта, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Тој наведува дека е обезбеден и бесплатен појадок за сите првачиња со цел финансиско олеснување на родителите кои првпат ги запишуваат своите деца во училиште. мд/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан