• сабота, 23 ноември 2024

Стојаноски: ЈО да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра

Стојаноски: ЈО да отвори истрага за коруптивната шема со надзорот од 22 милиони евра

Скопје, 13 март 2023

Јавното обвинителство да реагира, да отвори истрага и да побара запирање на работата на Конзорциумот ИРД – ЕПТИСА - Електра Солушн - Евро Консалтинг. Во продолжение ќе наведеме дел од фактите кои укажуваат на коруптивна шема на Груби и Ковачевски со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д.

1. Прво, власта распишува тендер за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д, тендерот го добива Конзорциум воден од ИГХ, во чиј состав е Институтот за патишта - Велес, на Сотир Ампов, договорот се раскинува, затоа што Конзорциумот не може да обезбеди банкарска гаранција, поради фактот што сите пари, кои се руски, им се замрзнати.

2. Власта објавува нов тендер.

3. Во ек на постапката за доставување на понуди фирмата Електра Солушн на Андон Ампов, син на Сотир Ампов вади лиценца за надзор, префрлајќи вработени од фирмата на татко му, кај која во првиот тендер е востановена руска врска.

4. Рокот за доставување на понуди се продолжува за 8 дена. Се сѐ вклопува совршено Електра Солушн да може да поднесе документи.

5. Покрај продолжување на рокот за поднесување на понуди, се менува и условот фирмите кои ќе поднесат понуди да имаат позитивни финансиски биланси, и се овозможува и фирми загубари како ЕПТИСА, да поднесат, која влегува во Конзорциум со Електра Солушн, Евро Консалтинг и ИРД. Овој Конзорциум го добива тендерот.

6. Шеста причина, смената на условите во постапката индицираат дека истите се направени за ИРД – ЕПТИСА - Евро Консалтинг - Електра Солушн.

7. ЕПТИСА е сопственост на кинеска фирма. Капиталот е во целост кинески. Менаџментот на ЕПТИСА е кинески.

8. ЕПТИСА, а преку неа Кинезите ќе имаат увид во работата на Бехтел и нивната технологија.

9. ЕПТИСА, е фирмата во чиј Конзорциум заедно со Савеж во Ерменија, бил ангажиран Бранимир Димитријевиќ, сопственик на Евро Консалтинг, третата фирма во Конзорциумот. Бранимир Димитријевиќ во Ерменија е гонет за криминал од 1,8 милиони долари. Против него е подигнато обвинение, а тој избега од Ерменија со помош на дипломати во време кога со Владата управува СДС.

Фирмата на Димитријевиќ во Македонија ќе врши надзор, за криминал на иста работа во Ерменија тој се гони со меѓународна потерница. Криминалот го направил како одговорен на проектот на Конзорциумот Савеж - ЕПТИСА.

Ермениска шема Димитријевиќ - ЕПТИСА, од која едниот е гонет за криминал, а фирмата е поврзана со кинески капитал, и руската врска на Ампови кои се присутни и во двата договори еднаш преку Институтот за патишта во Велес, еднаш преку Електра Солушн го земаат тендерот од 22 милиони евра.

Ако ова не се доволни индиции за отворање на истрага, тогаш Абази нека почека, но потоа ќе мора да одговори и зошто молчел и дали и кого штител.

 

Бојан Стојаноски, пратеник

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото:ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан