• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стојаноски: СДСМ и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Стојаноски: СДСМ и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Скопје, 13 март 2025

Ланецот СДС-ДУИ заедно со алките - правосудство и мазут мафија го краделе народот и со украдените пари ги труеле граѓаните. Оваа спрега деновиве, со случајот мазут мафија, дополнително излезе на површина.

Судството и обвинителството се во акција за одбрана на криминал тежок 167 милиони евра за канцероген мазут со кој се труеле граѓаните.  

За дел од набавките, според информациите во јавноста, немало ниту јавен повик, а владата предводена од СДС , кога премиер е Зоран Заев, а Венко Филипче министер за здравство, внимавајте во една од набавките во декември 2021 година, директно го помогнала купувањето на канцероген мазут со 15 милиони евра буџетски пари!

Оттука обвинителство и судството ги штитат директно и Заев и Филипче.

Дополнително, правосудниот систем на СДС и ДУИ преку мерка куќен притвор за еден од осомничените, синот на пратеникот Јахоски, праќа порака дека ако го крадеш народот и ако притоа со тие негови украдени пари дополнително и го труеш, следи само симболичен чин притвор во домашни услови.  

Во целиот овој случај, има и еден бегалец, тоа е Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ и човек од СДС.    

Постапките на судството и обвинителството покажуваат дека поединци од овој систем работат само по насоки од СДС и ДУИ и го штитат криминалот, наместо да ја работат својата работа која е воспоставување на владеење на правото.

Токму овој правосуден систем воопшто не се грижи за граѓаните, исто како што не се грижат и неговите работодавачи СДС и ДУИ. Колку за илустрaција, иако изгласана недоверба на пет судии од Судскиот совет во Собранието која ја претставува народната волја, тие судии мува не ги лази.

Судиите од Судскиот совет за кои е изгласана недоверба ладнокрвно велат ќе си работеле и понатаму без разлика што довербата од граѓаните им е на ниво на статистичка грешка или околу два проценти.  

На дело е спрегата правосуден систем – мазут мафија – СДС, ДУИ. Резултат е кражба и труење на народот. Затоа мора да се стави крај на ваквите случаи, а за тоа мора да има одговорност.

 

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан