• недела, 17 ноември 2024

Стојаноска: Џафери втор ден по ред сеуште не ја доставува иницијативата за референдум до соодветните комисии

Стојаноска: Џафери втор ден по ред сеуште не ја доставува иницијативата за референдум до соодветните комисии
Скопје, 12 септември 2022 Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Аргумент плус“ зборуваше за Иницијативата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието за Референдум и потенцираше дека претседателот на Собранието, Талат Џафери сеуште ја нема доставено Иницијативата до соодветните комисии при што  се отвара сомнеж дека Иницијативата ќе биде отфрлена.-Таа недоверба за отфрлање на Иницијативата е бидејќи како што јавноста знае ние во петокот официјално ја доставивме Иницијативата со Собраните преку 600 потписи иако законски беа потребни 100 потписи и тој ден во Собранието беше присутен претседателот Џафери бидејќи законот односно Деловникот вели дека после приемот на ваков документ претседателот е должен веднаш истиот да го достави до соодветните комисии, а тоа се законодавно-правната и комисијата за политички систем. И до ден денес тоа не е случено, претседателот Џафери колку што сум информирана денес не бил во Собранието  и затоа се отвара овој сомнеж, рече пратеничката.Стојаноска во текот на своето гостување потсети дека претседателот Џафери изјави дека нема да ја кочи процедурата за целиот овој процес, но веќе втор ден по ред нема ни трага ни глас од Иницијативата.-Иако морам да повторам нели неговата изјава  пред неколку дена, пред да биде официјално доставена нашата Иницијатива до Собранието тој изјави дека нема да ја кочи процедурата, но ете се отвара некој простор за сомнеж бидејќи втор ден би рекла дека од Иницијативата нема ни трага, ни глас  од претседателот дали ја прифаќа или не ја прифаќа или дали ќе ја достави што според Деловникот треба да го направи тоа до соодветните две собраниски комисии, додаде таа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан