• петок, 05 декември 2025

Стојаноска: Реконструкција на Тетовската болница, 15 милиони евра за локални проекти од Владата, времето на Тетово доаѓа

Стојаноска: Реконструкција на Тетовската болница, 15 милиони евра за локални проекти од Владата, времето на Тетово доаѓа

Скопје, 12 јули 2025

На убав ден - Петровден, денес сум во убавото Тетово, на средба со Тетовчани.

Ги примив позитивните реакции и задоволствата на тетовчани, заради тоа што веќе не е Тетово како до сега.  Заради тоа што интензивно се работи на автопатот од Тетово - Гостивар, заради тоа што се покачија пензиите за 5.000 денари, заради тоа што се покачија платите во образование, администрација, здравство и полиција.

Тетовчани се задоволни и од издвоените речиси 15 милиони евра од вкупно издвоените 250 милиони евра од Владата за локални проекти и задоволни се од ветувањето дека со стратешкиот договор со Обединететото Кралство ќе се реализира и долго очекуваната реконструкција на Клиничката болница во Тетово.

Времето на Тетово доаѓа!

Времето на Македонија доаѓа!
 

Линк од видео материјал: 

https://www.youtube.com/watch?v=krb3rEVE1WM

 Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ 

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан