• вторник, 24 декември 2024

Стојановска: Лик како Артан Груби, најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, ниту да зборува за европски вредности

Стојановска: Лик како Артан Груби, најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, ниту да зборува за европски вредности

Скопје, 1 ноември 2022 

„Ако можам да го споредам, и ако премногу добра би била споредбата Артан Груби е едно зајдисонце кое што е во неуспешен обид ова заоѓање да му трае што подолго. И оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас, во насока да наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што го зема во прегратка пратениците на Левица за кои што тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени и во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ чиј што тој лидер е еден од првите најкорумпирани“, истакна денес Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги ставовите на Артан Груби.

Стојаноска рече дека Артан Груби не може да се однесува како пророк, а ниту пак да говори за европски вредности.

„Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и со нашите коалициони партнери. Затоа што тука се уште се едни двајца пратеници кои што во 2018-та не попуштија би рекла и на човечки и нечовечки притисоци кои што тогаш ги имале. Така да ќе кажам дека граѓаните во Република Македонија во моментов на ваква криза најсензитивни се на зборот корупција. И лик како Артан Груби најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности“, нагласи пратеничката.

Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан