• сабота, 21 декември 2024

Стојановска: Изминативе девет месеци ВМРО - ДПМНЕ работеше во интерес на народот, сега ќе добие уште повеќе советници

Стојановска: Изминативе девет месеци ВМРО - ДПМНЕ работеше во интерес на народот, сега ќе добие уште повеќе советници

Тетово, 11 август 2022 (МИА) - Пратеничката од ВМРО - ДПМНЕ Дафина Стојановска се приклучи во кампањата за поддршка на кандидатите за советници предводени од носителот Ангел Карапетров за Советот на Општина Тетово. Таа рече дека ги охрабрува сите тетовчани со нивното гласањето на 20 август за советничката листа на ВМРО - ДПМНЕ, да стават на знаење дека за криминалот во оваа држава нема место.

-Јас ги охрабрувам луѓето и ги подржувам кандидатите за советници од ВМРО - ДПМНЕ. Со оглед на нивната работа, мислам на советниците од ВМРО - ДПМНЕ, кои работаа во интерес на народот во изминативе девет месеци, јас мислам дека ВМРО ДПМНЕ сега ќе добие уште повеќе советници. Затоа ги охрабрувам сите тетовчани да дадат подршка и да гласаат за број 2, а со гласањето практично ќе го најават тоа што допрва следува, а тоа се предвремени избори, на кој што мора граѓаните да се обединат, без разлика на верска, етничка или националната припадност,  изјави пратеничката Стојановска.

Според неа, граѓаните ќе се обединат во гласањето против криминалот.

а се обединат сите против криминалот кој има име, тоа е СДСМ,а презимето му е ДУИ. Веќе денес имаме големи поплаки за новите сметки за струја. И во име на Ковидот се вршеа и и многу криминали. По 11 месеци од пожарот во Модуларната болница се уште нема разрешнца, а има пријави за лица кои според мене најмалку се виновни за случајот. Виновни се Анѓушев, Шахпаска и секако Венко Филипче, народот нема да им заборави за тоа што го сторија, изјави пратеничката Стојановска. ас/дма/

Остани поврзан