• сабота, 21 декември 2024

Стојановиќ од Макпетрол ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

Стојановиќ од Макпетрол ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

Венеција, 10 октомври 2024 (МИА) - Членот на карате клубот Макпетрол, Стефан Стојановиќ, ќе се бори за освојување на третото место на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција. 

На шампионат во италијанскиот град, македонскиот каратист учествува во категоријата над 84 килограми во У-21.

Стојановиќ не беше поразен во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини. Борбата заврши 3-3, но поради правилото „прв освоен поен“, понатаму оди каратистот од земјата-домаќин. 

До полуфиналето, Македонецот нанижа три победи. За бронзениот медал ќе ги одмери силите со Николаи Секот од Германија.

Настап на турнирот имаше и Данило Божовиќ (-84 кг). Со две победи во групата и една во репасажот тој беше на чекор на борба за бронза. Во клучното соочување загуби минимално во возбудлив меч со Јапонецот Јосуке Абе и го освои седмото место.

Македонската карате репрезентација во Венеција настапува со 35 каратисти со 37 натпреварувачки влезови. На Светското првенство во италијанскиот град учествуваат 1.990 спортисти од 113 држави. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан