• четврток, 26 декември 2024

Стотици мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза

Стотици мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза
Рим, 24 август 2021 (МИА) - Околу 270 мигранти со чамци синоќа пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза, јави денеска италијанската новинската агенција АНСА. Полициски патролни чамци биле вклучени во спасувањето на мигрантите од некои чамци. Претходно, за 24 часа на Лампедуза пристигнале повеќе од 500 луѓе, а прифатниот центар е пренатрупан. Бродот Гео Барентс на Лекари без граници (МСФ) вчера донесе повеќе од 320 луѓе спасени на море до пристаништето на сицилијанскиот град Аугуста. Се поголем број луѓе се обидуваат од бреговите на Либија и Тунис со чамци да пристигнат до ЕУ. Според податоците на Обединети нации, околу 1.040 мигранти загинале во централниот дел на Медитеранот оваа година. Според податоци на италијанското Министерство за внатрешни работи во 2021 година, речиси 35.600 мигранти стигнаа до италијанскиот брег со чамци, двојно повеќе отколку во истиот период минатата година. ми/  

Остани поврзан