• четврток, 19 декември 2024

Столтенберг: Ескалацијата мора да се избегне

Столтенберг: Ескалацијата мора да се избегне
    Белград, 21 ноември 2022 (МИА)- Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска разговараше со високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел, јави дописиникот на МИА од Белград. -Разочарани сме што не беше можно да се реши спорот за регистарските таблички. Сега е време за одговорност и прагматични решенија. Ескалацијата мора да се избегне, напиша Столтенберг на Твитер. Денеска во Брисел се одржа трилатерална средба меѓу премиерот на Косово, Албин Курти, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Борел. Премиерот Курти го отфрли предлогот на ЕУ за регистерските таблички, а Србија, пак, го прифати. Предлогот на ЕУ беше Косово да не ја започне фазата на казнување, додека Србија повеќе да не издава КМ таблички. Курти по средбите изјави дека Борел се откажал од предлогот на ЕУ за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што од портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано беше демантирано. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по враќањето од Брисел и неуспехот од разговорите, во обраќање до нацијата вечерва изјави дека врз основа на разузнавачките податоци ситуацијата на северот од Косово е на работ на конфликт и додаде дека неговото барање до Србите на Косово е да се обидат да го зачуваат мирот, за што вечерва закажа состанок со нив, но и со со министерот за одбрана Милош Вучевиќ и со началникот на Генералштабот Милан Мојсиловиќ. об

Остани поврзан