Стоилковски: Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирус, а неспособноста на Филипче и владата ја плаќаат граѓаните
- Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирусот, а неспособноста на Филипче и на владата ја плаќаат граѓаните.

Скопје 9 март 2020
Алармантно, на скопскиот аеродром нема превентива од корона вирусот, а неспособноста на Филипче и на владата ја плаќаат граѓаните.
Неспособноста во секое поле се пресликува и во здравството, но тука цената е здравјето на граѓаните.
Потфрла контролата и се прават недопустливи превиди на граничните премини.
Доказ дека ова е така, е директорката на Клиниката за кожни болести, пуленката на министерот Филипче, Цаца Биљановска.
Таа влегла во државата пред 10 дена без да биде детектирано дека е заболена од корона вирусот.
Значи, имаме најмалку еден случај без контрола за вирусот Ковид кој што ја има минато границата тука на Меѓународниот Аеродром во Скопје.
Се сомневаме дека владата и Филипче кријат и други случаи на пропусти и заболени од корона вирусот.
Властите предводени од Заев и од Филипче немаат никаква контрола и пристап кон справувањето и сопирањето на ширењето на опасниот вирус и заради тоа се потребни итни оставки, а работата да ја преземат професионалци.
Оставка за Филипче, стоп за неспособната влада
Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.