• сабота, 23 ноември 2024

Стоилковски: Јовески и Русковска прават злоупотреба на службена должност ако не отворат предмет за софтверот на Рашковски

Стоилковски: Јовески и Русковска прават злоупотреба на службена должност ако не отворат предмет за софтверот на Рашковски
Скопје, 14 март 2021  За криминалот и корупцијата нема простување, туку мора да важат правото и правдата! И денеска повторно ги повикуваме институциите да отворат сериозна истрага за Драги Рашковски и набавката на софтвер, платен од буџетот, а е неупотреблив. Драги Рашковски е иноватор на награден систем, чиј што софтвер има исти цели како и набавениот од Рашковски, а неупотреблив е за МВР. Притоа софтверот е набавен од компанија основана девет дена откако Рашковски- иноваторот станува Генерален секретар на режимот на Зоран Заев, а од Генералниот Секретаријат воден од Рашковски добива вкупно над 400 илјади евра. Се повеќе информации во јавноста говорат за намерно извршена набавка која што не одговара со постојниот систем, односно дека некој во режимот имал намера да се изврши токму ваква набавка. Информации објавени во јавноста велат дека од крајот на 2019та, и почетокот на 2020та, тогаш кога и тече процедурата за набавка на системот, на неколку пати била одложувана затворена седница на владата на која едно од прашањата е „Safe city“ односно везбеден град, системот со камери на МВР. Драги Рашковски, но и Зоран Заев треба да одговорат, каква е врската меѓу одложувањето на оваа затворена седница и набавката на софтверот со исти цели како оној софтвер иновиран од Драги Рашковски, а е некомпатибилен со системот на МВР, имајќи предвид дека огласот за набавка бил распишан во ноември 2019та, а договорот е потпишан во февруари 2020та година? Почитувани, Откако Зоран Заев во име на режимот јавно го амнестираше Драги Рашковски, ЈО порача дека нема да отвори предмет, туку ќе чека некој да поднесе пријава. А кој тоа, наместо ЈО може да отвори истрага и да има целосен пристап до документи во извршната власт, во владата на режимот? Ова е се, само не извршување на должноста. Свесно и намерно, Републичкиот Јавен Обвинител Љубомир Јовески, а по него и ЈО за организиран криминал воден од Вилма Рускоска, со непостапување, прават тешки злоупотреби на службената положба и овластување. Републичкиот Јавен обвинител е ОБВРЗАН САМ да почне да дејствува, дотолку повеќе што се работи за криминогени дејствија во врвот на извршната власт, што само по себе има ЈАВНО ЗНАЧЕЊЕ. Јовески, а и Русковска се ДОЛЖНИ да преземат предистражни дејствија за утврдување на околностите за сознанија за кривични дела и тоа е опис и попис на нивната функција. Со нестручно и несовесно работење се прави свесна злоупотреба на службената должност, а тоа е кршење на закон. Со непостапување за јавните набавки на Генералниот Секретаријат воден од Драги Рашковски, обвинителите не преземаат дејства за кои што се задолжени и за кои што дале заклетва. Јовески и Русковска мора да кажат, дали врз нив се врши притисок да не отворат истрага за ниеден скандал во кој што е вмешан Рашковски, од Леонардо, набавка на хеликоптери, продажбата на ШИК Јелак, набавки на машини за Дрисла, скандалот со провизии за авионски карти за повратниците во корона кризата, и што ли уште не? Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан