• сабота, 23 ноември 2024

Стоилковски: Пендаровски станува соучесник во амнестијата за големите скандали

Стоилковски: Пендаровски станува соучесник во амнестијата за големите скандали

Скопје, 8 септември 2023

Пендаровски уште еднаш потрча да се допадне на СДС наместо да трча да ги заштити законите и правдата, и се тоа за нова кандидатура за претседател, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски запрашан за коментар за експресното потпишување на измените на Кривичниот законик од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Стоилковски посочи дека со тоа Пендаровски станува соучесник во амнестијата која ја прават владејачките партии со цел се сокријат и да се спасат од одговорност од големите скандали кои ја потресоа Македонија, како последниот за Онкологија, „Беса Транс“, модуларна болница, како и за фирмите за струја и плацевите за панели, посочувајќи дека ништо нема да ги спаси од средбата со народот и после тоа и со соочување со правдата и одговорноста.

„Со тоа Пендаровски станува соучесник во амнестијата која СДС и ДУИ ја прават за да се сокријат од скандали како актуелниот за Онкологија, како скандалот со човечки жртви „Беса Транс“, модуларна, „Соравија“, пасоши за криминалци, за Мерко, за фирмите за струја, за плацевите за панели... Ништо нема да ги спаси од средбата со народот, а потоа и со правдата и одговорноста“, рече Стоилковски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан