• сабота, 23 ноември 2024

Стоилковски: На паркингот кај ГТЦ ќе никнат објекти, згради, а не парк

Стоилковски: На паркингот кај ГТЦ ќе никнат објекти, згради, а не парк

Скопје, 12 јули 2021

СДСМ на скопјани им ветуваа парк, и ги излажаа скопјани ќе градат облакодери!

На паркингот кај ГТЦ ќе никнат објекти, згради, а не парк или било што што ветуваа и излажаа од СДСМ. Ќе потсетам на изјавата на еден од идеолозите на СДСМ, пренесена на четврти декември 2018-тата година.

„Град Скопје може веднаш да го смени генералниот урбанистички план, доколку има волја за тоа“, вели универзитетскиот професор и архитект Мирослав Грчев, по иницијативите во јавноста земјиштето спроти ГТЦ да се пренамени од згради во парк. Според него, висококатниците се вцртани на незаконски начин и треба да бидат избришани бидејќи просторот е од огромно суштинско и историско значење за градот - затворен цитат од пласирана вест на медиумите од четврти декември 2018-та година од идеологот на СДСМ, архитектот Мирослав Грчев.

Одиме понатаму, изјава на Благој Бочварски, министер за транспорт и врски од СДСМ.

„Доколку се работи на суспензија на цел план, има можност за суспензија од 12 месеци додека се донесе нов план. Доколку се работи на суспензија на само еден дел од тој план тогаш има можност за шест месеци да биде суспендиран тој план и во тие шест месеци да се донесе промената која што би била адекватно и соодветно за таа матична општина“, министер од СДСМ за транспорт и врски Благој Бочварски.

Префрлањето на топката и заплеткувањето во лагите продолжува.

„Во интервјуто за МИА, Богдановиќ рече дека од Министерството треба да им се дообјасни за одредени методологии како да пристапат, бидејќи, како што посочи, елаборат е општ поим. Од Министерството за транспорт и врски, за МИА одговорија дека од страна на општина Центар до нив нема доставено елаборати за суспензија“.

Почитувани, три години минаа во лажење и ширење лаги за ситни дневни политички поени, за лагите кај ДУП-от кај Холидеј Ин одговорни се само СДСМ и нивната машинерија за креирање на лаги за потребите на Шилегов, за потребите на Богдановиќ, за потребите на Бочварски, како и на нивните идеолози како Мирослав Грчев.

Имаа цели три години да го направат сето тоа што го ветуваа за овој ДУП. Ништо не направија, само ја замајуваа јавноста. И за тоа цената ќе ја платат на изборите. СДСМ ветуваа парк тука на ова место и ги излажаа скопјани, ќе се градат облакодери!

Ниту Центар, ниту Скопје, ниту Македонија, нема ништо полошо од СДСМ за цела држава!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан