• вторник, 24 декември 2024

Стоилковски: Власта лаже дека е против коцкање и обложување, дозволи онлајн коцкање

Стоилковски: Власта лаже дека е против коцкање и обложување, дозволи онлајн коцкање

26 септември 2023 

Почитувани,

Дали владата со потпис на Артан Груби ја отвори вратата за криминалните пари на бугарското подземје и ја стави Македонија во партнерство со бугарската мафија?

Почитувани,

По низа толкувања и заобиколувања на законите, владата тивко, со потпис на Артан Груби летово, дозволи отворање нови видео лотарии, односно онлајн коцкање!

Тоа е овој документ со потпис на Артан Груби.

И тоа не за една, туку за три нови онлајн коцкарници, во партнерство со државната лотарија - односно со државата!

Државната лотарија, пак, овој септември распишува оглас во којшто речиси е направен фоторобот на идниот партнер на ДУИ и СДС, и којшто во никој случај не може да биде домашна фирма.

И оттука прашуваме:

Дали фирмата којашто партнерски ќе работи со владата во Македонија е онлајн коцкарницата 8888.бг, од Бугарија?

Дали оваа фирма не е позната како фирма на бугарското подземје, на групацијата на познатиот Васил Бошков, т.н. Черепот, познат на законот во Бугарија, којшто живее во Дубаи?

Зошто се поставени услови кои што ги исклучуваат домашните фирми? И зошто владата дава лиценца на дури 15 години!

Почитувани,

Додека владата лаже дека е против коцкање и обложување, додека државата тоне во сиромаштија, ДУИ и СДС повторно влетуваат во партнерство со мафијата, овој пат поврзано токму со коцкарници!

Прес-конференција на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан