• понеделник, 16 декември 2024

Стејт департмент: САД внимателно ја следат ситуацијата во Приднестровие

Стејт департмент: САД внимателно ја следат ситуацијата во Приднестровие

Вашингтон, 28 февруари 2024 (МИА) - САД внимателно ја следат ситуацијата во Приднестровие откако непризнатиот регион се обрати за помош до Русија, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

- Со оглед на сѐ поагресивната улога на Русија во Европа, ние внимателно ги следиме дејствијата на Русија во Приднестровие и ситуацијата во целина, изјави Милер.

Тој додаде дека САД даваат цврста подршка за територијалниот интегритет на Молдавија во рамките на меѓународно признатите граници. „Продолжуваме да ги повикуваме Кишинев и Тираспол на заедничка работа и барање решенија за најгорливите проблеми на општините од двете страни на Днестар“, рече Милер.

Проруските пратеници во Приднестровие денеска на специјален собир, седми во исторјата на овој регион, испратија барање до Русија за „заштита“ во однос на загриженоста дека територијата може да стане ново жариште во конфликтот меѓу Москва и Украина.

По инвазијата на Русија во Украина, Кишинев се плаши дека Кремљ може да го искористи Приднестровие за отворање нов фронт на југозапад во правец на Одеса. Русија во овој регион има разместено 1.500 војници. кб/

Остани поврзан