• недела, 22 декември 2024

Стејт департмент: САД внимателно го следат развојот на ситуацијата на Хаити

Стејт департмент: САД внимателно го следат развојот на ситуацијата на Хаити

Вашингтон, 4 март 2024 (МИА) – САД внимателно го следат развојот на ситуацијата на Хаити по ескалацијата на насилството во текот на викендот, кога речиси 4.000 затвореници избегаа од затвор, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер истакна дека, според сознанијата на Вашингтон, премиерот на Хаити Ариел Хенри се враќа во земјата и дека САД сметаат дека е важно тоа да се дозволи.

Амбасадата на САД останува отворена, но ќе работи со ограничен режим, додаде Милер. јт/

Остани поврзан