Стејт департмент: Министрите за надворешни од Г7 разговараа во Минхен за војната во Украина и за други конфликти
![Стејт департмент: Министрите за надворешни од Г7 разговараа во Минхен за војната во Украина и за други конфликти](https://mia.mk/index.php/images/20250215215004_big_730x400_24.webp )
Минхен, 15 февруари 2025 (МИА) - Министрите за надворешни работи на Г7 од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, како и високиот претставник на Европската унија, разговараа за војната на Русија во Украина и конфликтите и нестабилноста во другите делови на светот на маргините на Минхенската безбедносна конференција, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.
Во соопштението се наведува дека во заедничката изјава министрите ја истакнале својата посветеност да работат заедно за да помогнат во постигнувањето траен мир во Украина и ја потврдиле потребата од развивање цврсти безбедносни гаранции за да се осигура дека војната, откако ќе заврши, нема да започне повторно.
Се додава дека „членките на Г7 ја поздравија денешната дискусија со Андриј Сибих, министер за надворешни работи на Украина“. зш/С