• вторник, 24 декември 2024

Стефоска: Очекувам во најскоро време да се вакцинираат културните работници

Стефоска: Очекувам во најскоро време да се вакцинираат културните работници
Скопје, 12 мај 2021 (МИА) - Уште пред три недели ние како Министерство за култура до надлежните доставивме списоци од првата најзагрозена група на културни работници, а тоа се музичко сценските работници. Лично очекувам, бидејќи има вакцини и со голема динамика продолжува процесот на вакцинација, во најскоро можно време и првата група од културните работници да биде вакцинирана, рече министерката за култура Ирена Стефоска. Таа денеска по обраќањето по повод 17. Биенале на архитектурата во Венеција, во одговор на новинарско прашање посочи дека освен што разговарале за вработените во институциите, на ум ги имаат и уметниците од независната културна сцена. Министерката верува дека и тие, или барем група од овие уметници, исто така ќе биде во приоритетната група за вакцинирање. -Пред три недели ние како Министерство за култура разговаравме и со Министерството за здравство и со надлежните за целиот процес на имунизација и доставивме списоци на првата најзагрозена група на културни работници а тоа се музичко сценските работници, така што од наша страна е сторено се што треба, проценката и динамиката ја врши екипата или Комитетот за имунизација, рече Стефоска. Во однос на прашањето за работата на фестивалите, министерката посочи дека дел од фестивалите се одложени, а некаде каде што проценката е таква, можат да се одржуваат, но со строги протоколи за работа. -Владата вчера донесе одлука по препорака на Комисијата за заразни болести, институциите во културата да продолжат со работа исто онака како што работеа до пред два месеци, значи согласно сите протоколи во ова време. Во врска со вашето прашање за фестивалите е малку покомплексно, некои од фестивалите се одложуваат, а некои каде што проценката е таква, може да се одржат но со строги протоколи за работа, додаде Стефоска.бт/ац/        

Остани поврзан