Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје
- Општина Гази Баба соопшти дека во координација со Владата, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Општина Гази Баба соопшти дека во координација со Владата, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.
-Во овие моменти на силна болка и тага во нашите срца потребно е да се организираме и да ја покажеме нашата солидарност, хуманост и сочувствителност, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески - 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски
Иван Симоновски - 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ и
Перица Пешевски - 075336338 претставник на општина Гази Баба.
Дополнително, наведуваат од општина Гази Баба, ќе обезбедат и храна и вода кои ќе бидат доставени пред болниците во Скопје.
-Нашите молитви се за здравје на повредените, но и за утеха на семејствата на загинатите. Многу тежок ден за Македонија!, наведува градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски. вг/ац/
Фото: МИА Архива/принтскрин