• петок, 05 декември 2025

Стефковски: Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува, ќе асфалтираме над 100 нови локални улици

Стефковски: Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува, ќе асфалтираме над 100 нови локални улици

Скопје, 7 октомври 2025 (МИА) - Реконструкција на големите локални улици! За подобар сообраќај, за побезбедни улици. За поквалитетен живот на граѓаните. Во насока на унапредување на инфраструктурата и секојдневието во нашите населби, започнуваме со комплетна реконструкција на големите локални улици, објави на Фејсбук актуелниот и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално.  

Ќе ги реконструираме:

ул. Лазар Поп Трајков – Автокоманда

ул. Анри Барбис и ул. Карл Хрон – Триангла

ул. Среќко Пужалка и ул. Финска – Ченто

ул. Пехчевска – Хиподром

ул. 2 и ул. 18 – Инџиково

ул. Трајко Китанчев - Ченто,

ул. 10 и ул. 3 – Јурумлери.

Во првиот мандат:

Повеќе од 170 локални улици асфалтирани!

Дополнително во вториот мандат:

Ќе асфалтираме и 100+ нови улици, надвор од овој проект.

Проектот „Гази Баба без кал“ продолжува! Во следните 4 години, тој ќе биде целосно завршен.

Заедно создаваме чисти, безбедни и проодни улици за сите! 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан