• вторник, 18 февруари 2025

Стефковски: Општина Гази Баба ќе добие 578 милиони денари од централната власт за изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница, изградба на атмосферска канализација и комплетна реконструкција на улиците

Стефковски: Општина Гази Баба ќе добие 578 милиони денари од централната власт за изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница, изградба на атмосферска канализација и комплетна реконструкција на улиците

Скопје, 15 февруари 2025

 

 

На телевизија Сител во „Тема на денот“ гостуваше градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој се осврна на актуелната тема за објавувањето на вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти за општините поддржани од страна на Владата.

Стефковски на самиот почеток истакна дека овој проект има големо значење за брз развој на општините и објасни дека од осамостојувањето на Република Македонија досега само една Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од Христијан Мицкоски имале доделено финансиска поддршка на општините.

„Овој проект има големо значење за брз развој на општините на Република Македонија, статистички ако земеме од осамостојувањето на Република Македонија досега само една Влада претходно исто така предводена од ВМРО-ДППМНЕ има доделено 25 милиони евра за инфраструктурни објекти во сите општини и ова е втора Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски која доделува рекордни 250 милиони евра за сите општини“, рече Стефковски.

Стефковски напомена дека претходната влада предводена од СДС и ДУИ доделувала финансиски средства само на градоначалниците од нивните редови додека оваа Влада не врши селекција и нејзините приоритети се забрзаниот регионален развој за сите општини.

„Би напоменал дека овој проект е особено важен за рамномерен регионален развој за сите општини бидејќи имаме период од 7 години кога претходната власт предводена од СДС и ДУИ доделуваше финансиски средства само на општините чии градоначалници беа од нивните редови, во овој проект и во овој случај не е така, на овој повик имаат можност да аплицираат сите општини и на тој начин ќе се забрза рамномерниот регионален развој што е особено битен за оние општини коишто досега не добиле денар од централната власт“, истакна Стефковски.

Стефковски ги наброја инфраструктурните проекти од првиот јавен повик од кои за три проекти веќе се избрани економски оператори и интензивно се работи.

„Општина Гази Баба на првиот проект аплицираше со 4 проекти тоа е изградба на нова детска градинка во населеното место Инџиково, изградба на нова спортска сала во населеното место Црешево, комплетна реконструкција на културниот дом „11 Октомври“ во Ченто и изградба на ново проектирана улица помеѓу Керамидница и Маџари. Од сите овие четири проекти, за три проекти веќе се избрани економски оператори и фирмите се воведени во работа, интензивно се работи а за едната постапка сме во фаза на евалуација“, објасни Стефковски.

Стефковски објасни дека локалната самоуправа на Гази Баба интензивно работи на подготвување на урбанистичко планска и проектна документација за проектите од вториот јавен повик и ги истакна проектите за кои аплицирале.

„Општина Гази Баба на овој повик ќе добие 578 милиони денари, позначајни проекти со коишто аплициравме се изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Ќерамидница којашто ќе биде трета нова детска градинка за период од 1 година, рехабилитација на пристапниот пат до гробиштата Камник, изградба на атмосферска канализација на улиците Гемиџиска и Филип Филиповиќ во Железара, комплетна реконструкција на улиците, а во деновите пред нас спремаме уште три проекти коишто ќе ги аплицираме во Министерството за локална самоуправа“, дециден е Стефковски.
 
Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан