• вторник, 12 ноември 2024

Стефан Марковски годинашен добитник на наградата „Празник на липите“

Стефан Марковски годинашен добитник на наградата „Празник на липите“
Скопје, 21 јуни 2022 (МИА) - Авторот Стефан Марковски е годинашен добитник на наградата за најдобра творба на Меѓународната манифестација „Празник на липите”. Конкурсот го распиша Друштвото на писателите на Македонија, а пристигнале повеќе творби, кои ги разгледуваше тричлената жири-комисија во состав на претседателот Васил Тоциновски и членовите Југослав Петровски и Пунторие Муча Зиба. Од ДПМ соопштија дека едногласно е одлучено наградата да се додели на авторот Марковски.

Манифестацијата „Празник на липите” е традиционална, а годинава ќе се одржи на 28 јуни, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

Наградата на авторот Стефан Марковски е во вид на плакета и ќе му биде врачена на свеченоста на манифестацијата.бт/лв/

Остани поврзан