Стефан Георгиевски од Ѓорче Петров го фати светиот крст во Влае
- СООПШТЕНИЕ - Денеска на пладне, жителите од општините Карпош и Ѓорче Петров, на заедничка манифестација на ,,Железниот мост” во населбата Влае, го одбележаа големиот христијански празник Богојавление-Водици. Локалната самоуправа оваа година ја поддржа оваа манифестација со 40.000 денари, а за безбедноста на капачите кои учествуваа во верската церемонија во водите на реката Вардар, се погрижи десетчлената единица за заштита и спасување од Општина Карпош. Покрај големиот број верници, на традицоналната манифестација, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој беше придружуван од членовите на Советот на Општината.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.