Стефановски без пласман на втората трка во Монца
- Македонскиот автомобилист Игор Стефановски остана без пласман на втората трка од првенството на ТЦР Италија, откако денеска излета од патеката во Монца и предвреме ја заврши трката.

Монца, 2 мај 2021 (МИА) - Македонскиот автомобилист Игор Стефановски остана без пласман на втората трка од првенството на ТЦР Италија, откако денеска излета од патеката во Монца и предвреме ја заврши трката.
Инцидентот се случи на шест минути пред крајот на трката и завршниот круг, во моменти кога Стефановски беше седмопласиран на патеката и натпреварувачот зад него Душан Курил имаше близок контакт со возилото на македонскиот автомобилист. По контактот, Стефановски со своето „Хјундаи“ удри во заштитната ограда и остана без пласман.
Стефановски вчера на премиерната трка беше четвртопласиран, а втора победа сезонава денеска оствари актуелниот шампион Салваторе Тавани. ег/сп/