• петок, 20 декември 2024

Старт на новата сезона во македонскиот прволигашки фудбал

Старт на новата сезона во македонскиот прволигашки фудбал
Скопје, 6 август 2022 (МИА) – Со натпреварот меѓу Струга и повратникот во прволигашката конкуренција Победа од Прилеп денеска почнува новата сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Утре на програмата се дуелите меѓу Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница Штип, додека прволигашките дуели на Шкупи, против Тиквеш, и Шкендија против Скопје, се одложени поради нивните настапи во европските купови. Новата прволигашка сезона ќе се игра со 11 екипи, една помалку поради откажувањето од финансиски причини на Ренова. Слободна во првото коло е Македонија Ѓорче Петров. Титулата ја брани Шкупи, додека нови прволигаши се Победа и Силекс. Новата сезона во Втората фудбалска лига, пак, ќе стартува на 13 август. ег/ки/

Остани поврзан