• среда, 21 мај 2025

Стартува реконструкцијата на кровот на штипската Гимназија

Стартува реконструкцијата на кровот на штипската Гимназија

Штип, 29 април 2025 (МИА) – Почнуваат градежните  активности за реконструкција на кровот на штипската гимназија „Славчо Стојменски“, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој реќе дека станува збор за инвестиција вредна над пет милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука.

-Ова е инвестиција преку Министерството за образование и наука, повеќе од пет милиони денари за Оптштина Штип, за образована институција како што е гимназијата „Славчо Стојменски“. Откако бил изграден овој објект никогаш кровот не бил променет, изјави Јорданов.

 Наум Маневски претставник од Министерството за обраозвание и наука рече дека предвидено е активностите на терен да бидат завршени летниот период, а крајниот рок е за шест месеци. Ќе се замени стариот лим, а доколку има потреба ќе се реализираат и останати градежни активности во Штип.

-Инвестицијата опфаќа проверка на постоечката носечка конструкција и промена на целиот покривен дел горе од лим. Министерството во својата буџетска програма доколку се јави потреба од општината ќе одвои средства за други градежни активности, вели Маневски.

Директорката на СОУ „Славчо Стојменски“, Весна Ристова вели дека  со ваквите активности на терен се работи за подобрување на условите и за учениците и за наставниците, а со промената на кровот конечно ќе се стави крај на опасноста која постоеше со години наназад.

-Нескриено е задоволството, затоа што конечно Гимназијата ќе го добие заслужениот кров. Се надеваме дека конечно нашето училиште ќе има уште подобри услови за работа, рече Ристова.

Освен во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ се работи и во неколку образовани институции во Штип со што се инвестира директно во образованието. вдј

Фото: МИА

Остани поврзан